Детективната агенција "Смарт Интелиџенс Сервис" (СИС) е меѓу првите детективски агенции во Република Македонија.
Лиценцата за вршење на детективската дејност е издадна од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на ден 27.10.2010 година под број 07/83471/1.
Детективската агенција СИС е регистрирана во Централниот регистар во февруари 2011 година како посебно правно лице овластетено да врши истраги.
Основач е Јован Димитровски - дипломиран криминолог на Факултетот за безбедност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Во моментов на постдипломски студии (магистерски студии) на Факултетот за детективи и безбедност на Универзитетот ФОН во Скопје
Од 1991 година до крајот на 2006 година работел во Министерството за внатрешни работи на повеке раководни позиции во областа на недозволената трговија на дрога и оружје.
Од 2005 до крајот на 2006 година работел во Одделот за организиран криминал како Началник на одделот за трговија со луѓе и друг вид на насилен криминал (изнудување, уцена, киднапирање итн.).
Приватна Детективска Агенција