Услуги

Детективската дејност во Р. Македонија претставува реалност и потреба во функција на  остварување и заштита на одредени права и интереси  на граѓаните и приватниот сектор.
Детективската дејност во Р. Македонија како дејност правно е регулирана со донесување на Законот за детективска дејност објавен во “Службен весник на РМ” бр.80/99 од  17.12.1999 година во кои се уредуваат условите и начинот на вршење на детективската дејност. 
Под детективска дејност во смисла на овој закон се подразбира собирање на податоци и информации, нивна обработка, како и посредување со нив на начин утврден со овој закон.
Во чл.12 таксативно  се наброени областите во кои приватниот детектив може да собира податоци и информации:
 
Член 12 од Законот за детективска дејност
 
Детективот може да собира податоци и информации:
-  за обезбедување на доказни материјали во врска со кривични дела или сторители на кривични дела
- за лица кои се исчезнати или сокриени, за пишувачи на анонимни писма или за причинители на материјална штета
 - за откривање на идентитет на лице и негово живеалиште, односно престојувалиште
- за украдени или изгубени предмети
- за докази кои се во врска со заштита или утврдување на вистинитоста во постапки пред суд, друг државен орган,институција што врши јавни овластувања или правно лице кое одлучува за оделни права на странката
- за однос на работниците спрема заштита на деловната тајна
- за успешноста и деловноста на правни лица.
 
Ние спроведуваме истраги за бизниси и поединци. Нашата работа е успешна поради комбинирање на експертиза,искуство, специфични вештини и знаења.
За деловните субјекти, особено компаниите, претприемачите, адвокатите и правните фирми, ги извршуваме истрагите поврзани со работните односи, истраги за, и менаџерите и вработените,злоупотреба на болничкото боледување,зголемување на износите при службени патувања, извршени кражби на имот од страна на надворешни и внатрешни лица, бараме должници, деловни пребарувања во земјата и странство, истекување на доверливи информации. Ние нудиме поддршка на компаниите во нивната работа и се грижиме за намалување на ризиците од загуба во краток рок.
Една од областите во кои приватниот детектив целосно може да ја  оправда потребата од негово ангажирање и испешно да ја обавува детективската дејност е во областа на осигурателниот бизнис, кој поради природата на работењето со исплата на пари, уште од неговиот  почеток е предмет на најразлични обиди на незаконит, криминален и организиран напад со крајна цел противправно да се присвојат големи суми пари. Врз основа на своите овластувања ,приватниот детектив ангажиран од страна на осигурителните компании е целосно посветен во идентификување на лица или организирани групи инволвирани во нелегални активности во однос на пријавување на сомнителни оштетни побарувања по основ на автоодговорност на штети предизвикани од трети лица, проверка на валидноста на целокупната медицинска документација во случаи на претрпена нематеријална штета, обезбедување на докази и поднесување на кривични пријави до МВР на РМ и Јавното обвинителство како и во идентификување и имплементирање на превентивни мерки за заштита од обиди за Осигурителни измами.
За поединци ние спроведуваме истраги во врска со наследство, потрага по имоти во последователни постапки, украдени возила и предмети, пишувачи на анонимни писма или за причинители на материјална штета.
Исто така прибираме информации  за приватниот живот на поединци доколку истите се однесуваат како основа за развод или е член на семејството.
 
Член 14 од Законот за детективска дејност
 
Детективот не смее да собира податоци за личниот и семејниот живот, здравствената состојба или верските уверувања на лица, освен ако е тоа основа за развод на брак или се однесува на член на семејството на странката.
 
Детективската дејност е предвидена во Законот за кривична постапка каде што овластениот детектив активно е вклучен во постапката да презема дејствија заради пронаоѓање и собирање на докази во корист на одбраната,односно осумничениот во истражната постапка.
 
Член 306 Закон за кривична постапка
 
Собирање на докази од страна на одбраната 
(1) Бранителот може да презема дејствија заради пронаоѓање и собирање на докази во корист на одбраната. 
(2) Овластувањето од ставот (1) на овој член бранителот може да го користи во текот на целата постапка. 
(3) Дејствијата од ставот (1) на овој член може да се извршуваат од страна на бранителот, неговиот заменик, овластените приватни детективи и, кога е потребна посебна стручност од страна на техничките советници.

 

Приватна Детективска Агенција

+389 71 330 139

Контакт: Јован Димитровски

© Смарт Интелиџенс Сервис | Web Design & Hosting by MAKDOMEN